Атина: Ситуацијата со мигрантите на Хиос е дојдена до критична точка
Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас денеска изјави дека ситуацијата во камповите за мигранти на Хиос е доведена до критична точка.
Како штоо јави дописникот на МИА од Атина, во говор во грчкиот Парламент по последниот обид за самоубиство на мигрант, кој се самозапали на Хиос, Музалас рече дека „ситуацијата на Хиос го надминува она што островот може да го поднесе“.
Според министерот, на грчкото копно досега се пренесени 2.500 бегалци и мигранти, а 1.200 сами се префрлиле.
Најдобар начин, според него, за процесот за барање азил да оди побрзо и да се зголеми бројот на мигранти што се враќаат во Турција, е да се создадат „затворени“ прифатни центри, за кои владејачката партија Сириза се изјасни против кога беше во опозиција.
Според официјални податоци, на Хиос има вкупно 3.500 мигранти и бегалци.
Еден 29-годипен Сириец вчера се обиде да се самоубие со самозапалување, при што се здоби со тешки изгореници. Тој во моментов се наоѓа во болница во Атина, и неговата состојба е критична. Во болница е и 32-годишен полицаец кој се обидел да го спречи самоубиството, со тешки изгореници на рацете и лицето.
Ново на Сител
-
Објавен тестаментот на папата Франциск
-
Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици