Атина: Русија избра друга рута за летовите кон Сирија
Русија планира да користи воздушен коридор источно од Грција за превезување помош до Сирија, што значи дека прашањето за користење на грчкото воздушно пространство за вакви летови веќе не постои, изјави денеска портпаролот на грчката Влада.
Грција, која е дел од НАТО, била замолена од Москва да им овозможи на два руски авиони со испораки да поминат низ воздушниот простор во насока на Сирија помеѓу 1 и 24 септември, но САД побарале Атина тоа да не го прави.
- САД побараа од Грција да не дозволува прелет на два руски авиони со испораки за Сирија во грчкиот воздушен простор, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Грција одговори дека ќе размисли за барањето на САД, но во меѓувреме Русија одлучила да користи нова рута за авионите.
Вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека руската страна никогаш не е ја криела намерата да испорача воена опрема на сириските власти, за да можат да се борат против терористите.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи