Атина од утре во строг карантин

Целосно затворање на бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките слони, берберниците, но затворање и на училиштата и градинки, литургии во црквите без верници, укинување на услугат „click away“, полициски час од 21 часот од понеделник до петок и од 18 часот за време на викендите, движење само по претходно испратена смс порака, задолжителна употреба на маска, се дел од мерките што од утре наутро стапуваат во сила во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.
Поширокиот регион на Атина како што вчера соопшти грчкиот премиер, влегува во строг карантин до 28 февруари, што е речиси идентичен на првиот, во март минатата година, а заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и генералните секретари од надлежните министерства денеска на прес конференција детално ги објаснија мерките.
Отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, аптеките, продавниците за домашни миленичиња, бензинските станици, центрите за техничка контрола на возила, како и сервисите за возила Исклучок има за цвеќарите кои ќе бидат отворени само следниот викенд на 13 и 14 февруари.
Угостителските објекти, кои се целосно затворени веќе три месеци, како и досега ќе можат да работата со достава и со услугата „take away“Учениците во Атина, како од основните, така и од средните училишта од утре почнуваат со онлајн настава, а затворени ќе бидат и градинките. Во државниот сектор за 50 отсто од вработените, задолжителна е работа од дома, додека пак за приватиот сектор, задолжителна е работатат од дома за колку е можно повеќе вработени.
Хардаљас рече дека иако ја разгледале можноста за воведување смс пораката за физичка активност да важи само во рамките на општината во која живеат граѓаните, сепак тоа не било изводливо и нема забрана за движење меѓу општини за индивидуално спортување. Мeѓутоа, истакна дека препораката е „движењето да биде со мерка“.
Литургиите во црквите ќе бидат без присуство на верници, а за свадби, погреби и крштенки, дозволени се најмногу девет лица . Јавниот превоз во Атина ќе функционира со 65 отсто од капацитетот, а бродовите со 50 или 55 проценти во зависност од видот.
Во автомобилите и такси возилата дозволени се најмногу две лица.Хардаљас рече дека освен почитувањето на мерките, важни се и контролите кои ги врши Националната служба за транспарентност на Грција. Раководителот на службата Ангелос Бинис на денешната прес конференција рече дека во периодот од 1 ноември 2020 година до 31 јануари 2021 година биле направени 6,5 милони контроли и изречени 153.918 казни во висина 45,7 милиони евра.
Ново на Сител
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
