Атина: Барањата на ММФ го поткопуваат договорот
Грција денеска го обвини Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека ги поткопува напорите за постигнување договор за опциите за финансирање откако преговорите за нова транша од економската помош западнаа во ќорсокак, јавија грчки медиуми.
Преговорите се блокирани поради барањата на кредиторите Атина да воведе соодветни мерки во случај да не успее да ги постигне фискалните цели во 2018 година. Во прашање е доведено префрлањето на повеќе од пет милијарди евра финансиска помош неопходни за анулирање заеми од ММФ во јуни и јули.
– ММФ упатува барања што се надвор од договореното. Тие барања ги поткопуваат напорите како на грчката Влада така и на европските институции изјави портпаролот на Владата, Олга Геровасили.
Во меѓувреме, Германија денеска исклучи можност за посебна средба на европските лидери за грчката програма за економска помош.
Ново на Сител
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
-
Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
-
Три лица загинаа во пожарите во Португалија
-
Состојба на патиштата