Атентатот врз Ковачевиќ бил нарачан од Белград?!

Легендата на српскиот фудбал Дарко Ковачевиќ беше нападнат пред неговиот дом во Атина, а денеска беа објавени нови детали за обидот за убиство на поранешниот играч на Јувентус и многу други екипи.
Ковачевиќ учествувал пред неколку месеци во тепачка во еден белградски ресторан, па Грците шпекулираат дека тоа би можел да биде повод за одмаздата на српската мафија.
Истрагата за обидот за убиство на Ковачевиќ е насочена кон Србија, зашто наводно атентатот бил нарачан од Белград.
Српските медиуми пишуваат дека на можното сценарио за атентат имало влијание на српската мафија.
„Кражбата на автомобил, замена на таблички и подоцна негово палење претставуваат потпис на српската мафија, по кој е препознатлива во светот. Токму така изгледал нападот врз Ковачевиќ, па постојат докази дека тоа е дело на српската мафија“, велат од Грција.
Полицијата во Атина работи на расветлување на случајот, а Ковачевиќ морал и по вторпат да оди да даде изјава откако биле откриени новите детали за тепачката во Белград.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
