Атанасов: Потребна е дезинфекција пред отворање на рестораните

Пред отворање на угостителските објекти ќе треба повторно да се изврши дезинфекција и чистење на опремата и површините што служат за обработка на храна. Пред отворањето, рестораните ќе треба да извршат една општа дезинфекција во самиот објект, бидејќи подолго време стоел запечатен, неотворен и не знаеме што се се случуавло таму, изјави денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.
Тој информира дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) подготвува соопштение до јавноста во врска со овие препораки, напоменувајќи дека тоа ќе се прави бидејќи рестораните подолг период не работеа.
Одговарајќи на новинарско прашање за хигиенските услови во маркетите и месарниците, Атанасов појасни дека кога се зборува за добра хигиенска пракса тоа се однесува на условите во кои се држат производите, опремата и работната површина што се користи, пред се во месарниците.
– Со самата пракса е предвидено на колку време треба да се чистат, да се водат записи, да се врши дезинфекција на самите површини. Најчестите отстапувања се во тој дел. Во секојдневните извештаи од страна на инспекците служби е констатирано ангажирање луѓе кои немаат завршено соодветни курсеви за безбедност на храна и луѓе кај кои не се извршени санитарни прегледи кои треба да се извршат. Тоа не е само поради Ковид-19, туку и поради опасности од други болести што можат да се пренесат преку храната, рече Атанасов.
Ново на Сител
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
