Атанас Поп-Димитров - лауреат на 23-от фестивал „Ристо Шишков“

Струмица, 13 септември 2015 (МИА) - Актерот Атанас Поп-Димитров од Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија, е добитник на наградата на Меѓунардониот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ за улогата на таткото во претставата „Татко“ по текст на Спилберг во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Единствената награда на фестивалот се состои од Златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1.500 евра.
Заблагодарувајќи му се на меѓународното стручно жири и на струмичката публика за укажаната чест да биде добитник на награда со име на најголемиот македонски актер Ристо Шишков, Поп-Димитров нагласи дека е поврзан со фестивалот на кој честопати е гостин.
- Ова ми е трето или четврто учество на овој фестивал на актерот и од секој фестивал носам убави впечатоци, пред се за организацијата и, секако, за струмичката театарска публика. Мислам дека наградата што ја добив е и за моите претходни улоги и настапи пред оваа публика, рече Поп-Димитров.
Синоќа беа доделени и наградите од стручното житри на НЕТА: за најдобра претстава беше прогласена „Кирил и Методиј“ од Јордан Плевнеш во режија на Мартин Кочовски, наградата за најдобра женска улога и ја додели на Билјана Ѓурковиќ во монодрамата „Надежда Петровиќ“, а Димитри Орготски од „Синан паша“ ја доби наградата за најуспешна машка улога.
Во чест на наградините Народниот театар од Прилеп ја изведе претставата „Кирил и Методиј“ со што се спушти завесата на 23-то издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Ново на Сител
-

УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
-

Заврши судскиот процес против Фатон Љури за смртната сообраќајка на кејот на Вардар, пресуда на 29 декември
-

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати
-

Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ
-

Прекинат прагот на аларамирање
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
