Македонија
13. September 2015 - 17:27

Атанас Поп-Димитров - Лауреат на 23-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Актерот Анастас Поподимитров од Бугарија е  дваесет и третиот добитник на наградтата Ристо Шишков, единственото признание за високо актерско остварување кое се доделува на фестивалот на камерен театар кој го носи името на македонскиот театарски великан.  Попдимитров наградата ја доби за улогата на таткото во претставата ,, Татко,, работена по текст на Стринберг, во режија на Љупчо Георгиевски, а во продукција на Драмско куклениот театар од Враца, Република Бугарија. Во образложението на меѓународното фестивалско жири кое го предводеше ланскиот лауреат Бајруш Мјаку стои дека Анастас Подимиторов наградата ја добива за задлабочената студиозна и моќна актерска интерпретација на антологискиот лик на таткото во истоимената претстава.

-Исклучително сум горд и среќен што оваа година таа висока награда која го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков ми беше врачена токму мене од страна на моите колеги членови на жирито. Тоа  име е знак за високо актерско мајсторство и граѓанска позиција. Многу сум среќен и поради тоа што имав можност повторно да играм пред струмичката публика, рече Анастас Попдимитров – добитник на наградата Ристо Шишков

Единствената награда на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков актерот Анастас Попдимитров ја доби во конкуренција помеѓу 64 актери од  12 претстави  од седум држави. Покрај паричниот износ од 1500 евра најдобриот актер традиционално доби и златен медаљон со ликот на Ристо Шишков