-->
-->
Астон Вила го „прегази“ Евертон
-->
Астон Вила му нанесе убедлив пораз од 4:0 на Евертон на домашен терен во второто коло од Премиер лигата во неделата и ја оствари првата победа во новата сезона.
Домашниот тим имаше одлична иницијатива уште од самиот почеток. Џон Мекгин ја отвори мрежата во 18. минута на асистенција на Леон Бејли. Домашните ја удвоија предноста во 24. минута преку Даглас Луиз, кој го реализира пеналот.
Проблемите на Евертон продолжија и во вториот дел. Во 51. минута Бејли по асистенција зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Џон Дуран во 75. минута по големата грешка на гостите, само една минута откако го замени Оли Воткинс од клупата.
Астон Вила успеа да дојде до првите бодови во новата сезона по убедливиот пораз од Њукасл со 5:1 во првото коло.
Од друга страна, Евертон веќе е во неволја, бидејќи тимот доживеа два порази од исто толку натпревари без ниту еден постигнат гол. Пред Астон Вила, на „Гудисон“ „карамелите“ беа поразени од Фулам со минимален резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица