-->
-->
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-->

Шпанскиот дефанзивец Цезар Аспиликуета (35) ги напушти редовите на Атлетико Мадрид, соопшти денеска клубот.
Аспиликуета дојде во Атлетико во јули 2023 година и оттогаш одигра 54 натпревари и постигна еден гол.
„Го споделив мојот секојдневен живот со исклучителна група луѓе на теренот и надвор од него. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме натераа да се чувствувам како дел од ова семејство од првиот ден“, порача Аспиликуета, кој не откри каде ќе ја продолжи кариерата.
Пред да дојде во мадридскиот клуб, Аспиликуета играше за Челзи 11 години, две сезони за Марсеј и три сезони за Осасуна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
