Македонија
2. September 2016 - 17:57

Асфалтирање улици во поплавените подрачја

Град Скопје денеска почна да ја асфалтира улицата по должината на каналот во Синѓелиќ, како дел од големата акција за асфалтирање поголем број улици и краци во Синѓелиќ и во другите поплавени подрачја.
 
Ќе се асфалтираат 450 метри во должина и ширина од четири метри. Вкупно ќе биде асфалтирана површина од 1.800 квадратни метри. Оваа улица е прва од низата улици што ќе ги асфалтира и обнови ЈП „Улици и патишта“, а коишто беа оштетени во поплавата на 6 август.
 
Финансиските средства за асфалтирање на овие улици ги обезбеди Град Скопје,  а со која за помош на поплавените подрачја се одвоени 2,5 милион евра или околу 150 милиони денари. Дополнителна помош има и од Владата на Република Македонија. 
 
На почетокот на асфалтирањето на оваа улица присуствуваа и вицепремиерот во Владата на РМ, Владимир Пешевски, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и градоначалниците на Град Скопје и Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.