-->
-->
Асфалтирање на четири крака од улица Гоце Делчев во Крива Паланка
-->
Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и тековно оддржување на локална патна инфраструктура за 2016 година на општина Крива Паланка во тек е подготовка за асфалтирање на четири крака од улицата Гоце Делчев.
Градоначалникот Арсенчо Алексовски, изврши увид во градежните активности и рече дека тоа било повеќегодишно барање на жителите на улицата.
- Подготовката за асфалтирање на четири крака од улица Гоце Делчев е во зафршна фаза. Се врши тампонирање, поставување шахти и финишира долниот слој, по што следува поставување нов асфалтен слој. Ние редовно во текот на годината вршиме изградба или реконструкција на улици со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.Знаеме дека општината кубури со асфалтни сообраќајни површини, но правиме напори во рамки на годишните програми да ги оствариме ветувањата, како во овој случај, бидејќи овој проект беше мое предизборно ветување, изјави Алексовски.
Според него, за неколку дена овде ќе се постави нов асфалт, а како што рече, се остварува ветувањето за жителите на овој дел од населбата Житен склад.
- Продолжува тековното одржување и крпење на ударни дупки на сообраќајниците. Најпрво ќе се интервенира на повеќе локации долж главната улица Св.Јоаким Осоговски и на најфреквентните локации во градот, додаде Алексовски.
На ул.Гоце Делчев ќе биде поставен асфалт во вкупна должина од 441 метар. Еден крак е со поголема должина, 210 метри додека останатите се 85, 82 и 64 метри должни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“
-
Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
-
Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија
-
До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите