Асфалтирани сите главни улици во село Горно Строгомиште – Кичевско
Градежните екипи деновиве во општина Кичево завршија со асфалтирање на сите главни улици во селото Горно Строгомише , каде што претходно беше комплетирана подземната инфраструктура , како што се водоводната и канализационата мрежа.
-Веќе се асфалтирани сите улиците со што се решени сите проблеми на кои наидуваа граѓаните на оваа село во изминатиот период. Калта и тешкиот пристап до домовите на граѓаните после секој дожд веќе се минато за сите граѓани на селото Горно Строгомиште, изјави преседателот на месната заедница на селото Урим Сахити.
Нагласи дека ќе продолжат работите на другите потесни улици со поставување на бекатон плочки и додаде дека овој пат селаните се согласни да партиципираат за обезбедување на финансиски стредтва, иако поголемиот дел од стредствата ќе ги обезбеди општината.
Сахити додаде дека од првата фаза кога се асфалтираа главните улици средствата беа обезбедени од општинскиот буџет.
Ново на Сител
-
САД и Кина почнуваат преговори за царините
-
Приведен малолетник во Куманово, украл мотоцикл
-
Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете
-
Министерот Муцунски го пречека претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ
-
Тошковски: Безбедноста е темел на секое здраво општество
-
Фон дер лајен: Лош мировен договор за Украина ќе донесе поголема нестабилност и несигурност
-
Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот
-
Во Крушево најмногу дожд, денеска нестабилно со локален пороен дожд и грмежи