-->
-->
Асфалтирана улицата „Гоце Делчев“ во Крива Паланка
-->
Поставен е нов асфалт со четири крака на улицата „Гоце Делчев“ во Крива Паланка. Градоначалникот Арсенчо Алексовски рече дека ова е остварување на предизборно ветување дадено пред жителите на овој дел од населбата Житен склад.
- При секоја средба која ја имав со граѓаните од овој реон, тие го изнесуваа барањето за асфалтирање на улицата бидејќи немаа можност со автомобил да пристапат до своите домови. Овој дел е густо населен и беше неопходно да се вложи во патната инфраструктура на овој реон. Асфалтирана е главната линија на ул.Гоце Делчев и три крака од неа, информира Алексовски.
Тој упати благодарност до граѓаните со кои имале одлична соработка.
- Граѓаните се воздржаа од пројавување на ситно-сопственички барања, па имавме одлична соработка во текот на градбата. Поставен е асфалт во вкупна должина од 441 метар, а улицата на места е широка и шест метри. Еден крак е со поголема должина, 210 метри додека останатите се 85, 82 и 64 метри должни, рече Алексовски.
Улицата се асфалтираше во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и тековно оддржување на локална патна инфраструктура на општина Крива Паланка за 2016 година.
Во рамки на тековното одржување и крпење ударни дупки на сообраќајниците од денеска интензивно се работи и на подготовка за асфалтирање на улицата „Илинденска“ во централното градско подрачје, кај градинката „Детелинка“ и ЈП „Комуналец“, а согласно програмата предвидено е и асфалитање на дел од ул Лозановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице