Асанж: Руската Влада нема врска со мејловите, ми е жал за Хилари Клинтон

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж демантираше тврдење на Демократската партија и кандидатот на изборите во САД, Хилари Клинтон дека зад објавувањето нејзини спорни мејлови стои руската Влада.
Асанж во интервју за РТ, што ќе биде емитувано в сабота, вели дека во таборот на демократите постои хистерија дека Русија е одговорна за се.
– Хилари Клинтон неколкупати изјави дека Русија е извор на нашите објавувања. Тоа не е точно – може да кажеме дека руската влада не е извор, изјави Асанж.
Тој ја обвини Клинтон дека е пион на „задкулисни интереси“ и изрази сомневање за нејзината физичка способност да биде претседател.
– Хилари Клинтон е само едно лице. Всушност, ми е жал за неа како лице бидејќи гледам некој кој го изела сопствената амбиција, буквално измачена до болест, како што беше на пример несвестицата, а сето тоа е последица на амбиции. Таа претставува цела група луѓе, односи со одредени држави, нагласува Асанж.
Викиликс во изминатите девет месеци објави повеќе од 30.000 мејлови од приватен сервер на Клинтон што го користела додека била државен секретар. Во минатиот месец Викиликс објави и повеќе од 50.000 мејлови поврзани со Џон Подеста шеф на Кабинетот на Бил Клинтон и близок соработник во сегашната претседателска кандидатка.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
