Асад им понуди амнестија нa бунтовниците кои ќе се предадат доброволно

Сирискиот претседател Башар Асад денеска потпиша указ со кој се предвидува амнестирање на сите бунтовници кои во следните три месеца ќе им се предадат на властите и ќе го положат оружјето.
Оние кои ќе ги ослободат заробениците нема да бидат казнети, доколку се предадат во рок од еден месец, се наведува во указот.
Како што јавија сириските државни медиуми, амнестијата се однесува само за граѓани на Сирија.
Оваа понуда следи откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека Русија и Сирија денеска ќе започнат „голема хуманитарна операција“ во Алепо, со цел да им се помогне на граѓаните кои „станале заложници на терористите“.
Шојгу истакна дека руската и сириската војска ќе направат три коридори за цивилите за да го напуштат градот, а четвртиот коридор ќе биде отворен за екстремистите кои сакаат да го положат оружјето.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
