Артета им се извини на навивачите на Арсенал за поразот од Брајтон

Тренерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за денешниот поразот од Брајтон (0:3) во Премиер лигата. Тој им се извини на навивачите за играта и го пофали противникот.
– Пред една недела застанав овде и се чувствував горд, а денес треба да се извиниме за играта. Тоа беше неприфатливо. Требаше да играме поагресивно. Добро го искористија просторот и не казнија. Секогаш ќе ги штитам моите играчи, затоа јас сум виновен. По ваков пораз на домашен терен, треба да направиме добра анализа, пред да ни се случи слично нешто, истакна Артета.
Овој пораз многу веројатно значи крај на амбициите на „Топчиите“ да дојдат до шампионскиот трофеј.
Арсенал на две кола пред крајот на првенството заостанува четири бода зад Манчестер сити кој има еден натпревар помалку.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
