Артета: Арсенал е најголемиот клуб во Англија

Арсенал е најголемиот клуб во Англија и целта на ова тренерско раководство е да ги натера навивачите и играчите повторно да веруваат во тоа, изјави новиот менаџер Микел Артета.
– Една од нашите главни задачи е да ја обновиме врската помеѓу тимот и навивачите. Во текот на последните неколку сезони таа е оштетена и како резултат ја губиме силата. Кажав претходно дека е една од најважните работи во фудбалот се навивачите. Ние мора да ги убедиме во она што се обидуваме да го изградиме овде. Искрено се надевам дека ќе видам некои работи што ќе ги убедат дека се движиме во вистинската насока. Целиот процес ќе потрае, но првиот чекор е да ги вратиме, вели Шпанецот.
Според него, во последните две сезони се случија нешта што довеле до моментална состојба.
– Ако навивачите гледаат повторно идентитет, близу до оној историски на Арсенал, тие повторно ќе веруваат во тоа. Треба да покажеме верба, енергија. и доминацијата што се навикнати да ја гледаат. Арсенал е најголем тим во Англија и треба да игра со доверба. Јас би рекол дури и со ароганција. Нашиот стадион треба повторно да го плаши противникот. Јас ги мразев гостувањата овде. Мора да ја искористиме таа моќ, рече Артета.
Арсенал вечерва се соочува со Челси во лондонското дерби од 15 часот.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
