Артан Груби откри за што сведочел Ахмети пред хашките обвинители
Секретарот на ДУИ Артан Груби во гостувањето во дневникот на Сител откри детали за сведочењето на лидерот на ДУИ Али Ахмети во специјалното обвинителство во Косово. Тој вели дека јасно се знае за што бил повикан и за што сведочел Ахмети.
-Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет - во својство на сведок за неговата улога како оснивач на ОВК и како еден од кооснивачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашувано за било какви други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово, рече Груби.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци