Бизнис
14. March 2021 - 16:36

Артан Груби ги налути ветераните на УЧК

Ветераните на УЧК со осуда за првиот вицепремиер Артан Груби. Му забележуваат што вчера се појавил на одбележувањето на 40 – годишнината од формирањето на специјалната единица „Тигри“. За УЧК спорно е што на настанот се појавил и заменик министерот за внатрешни Назим Буши. Во писмото кои ветераните му го испратија на Груби стои дека оваа единица била формирана за да се придружи на српските единици на Косово за сузбивање на студентскиот бунт таму.

„Во март 1981 година, неколку дена откако започнаа студентските демонстрации на Косово, беше донесена одлука од Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија итно да се формира специјална единица за да се спречи револуционерниот дух на Албанците, да се запре ширењето на демонстрациите и физички да се ликвидираат извршителите на 'албанскиот национализам, иредентизам и сепаратизам'. Припадници од редовите на 'тигрите', имаат голем удел во насилството“, му порачува Здружението на Груби.

„Имаат ли совест овие луѓе? !!! Едниот вицепремиер, а другиот заменик. Министрите на кои ОНА и ОВК им е секогаш во устата кога зборуваат, а денес се поклонија пред 'волци и кучиња', прифаќаат да бидат лојален декор. Се поставува прашањето, кои луѓе ги претставуваат Артан Груби и Назим Буши, чии интереси ги штитат, облеани со албанска крв? На кого му служевте во 2001 година?", се вели на крајот од реакцијата.

На потегот на Груби и Буши регаираат и од Коалицаија Алајанса на Албанците и Алтернатива. За нив „Тигрите“ се единица која се памети по антиалбански акции.

„Знаејќи ја дејноста на оваа единица од демонстрациите во 1981 и 1989 во Косово, преку настаните во Бит Пазар, Ладориште, Тетовски универзитет, се до убиството на цивилите во с. Љуботен, јасно е дека оваа моноетничката единица имала повод за славење и за доделување на признанија на тие што биле успешни во убивање и насилство кон Албанците, но бидејќи секое признание има мотивација, Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА прашува јавно која била мотивацијата на ваквото признание за двајцата Албанците од власта? Која е заслугата на Артан Груби и Назим Буши за ваквите 40-годишни антиалбански акции на „тигрите“?“, стои во реакцијата.

Инаку, Груби вчера дојде но не се поклони пред споменикот на загинатите „Тигри“ за што му беше забележано и од медиумите.