Арсовски: Во вторник Заев ќе ја задолжи државата за нови 15 милиони евра

Во вторник самопрогласениот министер за финансии Зоран Заев ќе го направи своето прво задолжување. Македонија ќе ја задолжи за нови 15 милиони евра. Но тоа што е скандалозно за ова задолжување е фактот што овој долг доспева за враќање после 30 години, цели три декади. Кога добро ќе се пресмета после триесет години ќе вратиме 15 милиони евра кредит плус 18,8 милиони евра камата, односно вкупно 33,8 милиони евра ќе не чини оваа катастрофална одлука на Зоран Заев, односно прва одлука за задолжување како самопрогласен министер за финансии.
Патем останува нејасно зошто се прави ова задолжување во услови кога Владата предводена од Зоран Заев не работи ништо, реализацијата на капиталните инвестиции е само 13,74% до моментот, нема ништо од ветените 600 километри автопат, нема нови болници, нема нови училишта, нема нови амбуланти, нема ништо ново реализирано како капитални инвестиции од ова влада на Заев.
Ова е уште еден доказ дека Македонија со Заев не блеска, туку тоне се подлабоко и подлабоко со секој изминат ден. Со изгубениот Заев, Македонија станува загубена држава. Со ваквите задолжувања Заев ќе ја покрива својата неспособност во делот на економијата. УЈП има собрано 50 милиони евра помалку од проектираното заради лошата кондиција на економијата и лошата кондиција на стопанството. Бројот на вработени во индустријата е намален за 2,5% во споредба со ланската година. Владата доби огромна НУЛА од германските стопанственици. Стејт Депарментот посочува дека корупцијата во владините тендери ја уништува економијата и ги одбива странските инвеститори да дојдат и да инвестираат во Република Македонија како што тоа беше случај изминатите години. Транспаренси интернешнл ја сврсти државата полошо од афричките Свазиленд и Руанда по корумпираност. Ова е огромен показател дека Македонија е најкорумпирана земја со Зоран Заев, впрочем тоа го гледаме секој ден по медиумите.
Сето ова покажува дека Заев не се задолжува за подобро на граѓаните и за генерирање на развој, туку економската политика му е купи ден помини. Се обидува да се задржи ден повеќе на власт за да овозможи некој нов крвав тендер или друг облик на лично богатење на некој владин функционер или на самиот себеси.
Изборите се шанса оваа непогода наречена Заев да падне на избори и да заврши на темната страна на македонската историја и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност.
Прашање: Премиерот Заев денеска на прес конференција повика на лидерска средба во петок во 14 часот во Клуб на пратеници. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати?
Одговор: Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности.
Прашање: темите кои ги предлага Заев се, Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик и Пописот. Какви се ставовите на вашата партија во однос на ова, имате ли некој конкретни предлози што би требал да биде направено?
Одговор: Видете, штотуку ви го кажав во одговорот на првото прашање за конкретниот предлог за лидерската средба дека најпрво на таа лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа може да се разговара за се останато. Значи прва и единствена точка на разговор треба да биде предвремени парламентарни избори.
Прашање: Одговор на прашање од колешка е очигледно дека нема расположение кај него за предвремени парламентарни избори?
Одговор: Кај Зоран Заев и во неговото денешно обраќање се виде дека нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажа дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори. Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори, од проста причина како што знаете целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии инт. Така што, единствен во моментот кој што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди денеска уште еднаш тоа.
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
