Арсовски: Власта сака да ги замолчи новинарите
Зоран Заев со вчерашната прес конференција, во ист ден кога се викаат на распит и замолчување двајца новинари, упати јасна порака до граѓаните и до новинарството односно до седмата сила, а тоа е дека треба што побрзо да замолчат или можно е сите да одат во затвор.
Зоран Заев вчера претстави план за цензура.
Со вчерашниот план Заев и СДСМ напоменаа дека сакаат да не направат нас тука како Северна Кореја, земја во која што граѓаните не знаат што се случува во сопствената држава, а не пак надвор.
Заев и СДСМ се плашат да бидат откриени за целиот свој криминал што го прават, па затоа носат вакви планови од кој е згрозена целата јавност, каде што медиумите се соочуваат со уцени, закани и со цензура.
Ако некој треба да се справи со лажните вести, тоа се граѓаните кои секој ден се лажени од Зоран Заев и од власта.
Такви вести ги има многу секојдневно.
Лажна вест е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики.
Лажна вест е дека СДСМ не стои позади рекетот.
Лажна вест е дека Курто Дудуш не малтретирал и не тепал и навредувал свој сограѓани.
Лажна вест е дека секретарот на Владата на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра.
Лажна вест е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за преговори односно за почеток на преговори.
Лажна вест е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе ги штити идентитетот и жицата македонска.
Зоран Заев ангажирајќи ги сите државни институции под негова контрола, сака да го угнете народот, новинарите и медиумите, и како што гледате сака да воведе цензура.
Планот на Заев за диктатура во Република Македонија не може и не смее да успее. И нема да дозволиме да успее.
Зоран Заев и СДСМ мора што побрзо да си одат власта и да бидат сменети на предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис