Арсовски: Власта остави без работа специјалист доктор со полн работен век на 3 години пред пензија
Одамна здравството го однесоа во колапс Венко Филипче и Зоран Заев.
Денеска како граѓани на Република Македонија сведоци сме на најсрамниот чин на министерството за здравство и Владата, најсрамниот нехуман и нечовечки чин, а тоа е отказот кој му го дадоа на перфиден, шверцерски и срамен начин на специјалистот невролог доктор Мирослав Гроздановски.
Повторно ќе потенцирам, целиот срам на министерството излезе на површина како фекалија само преку отказот на овој доктор и господин кој има над 30 години стаж како специјалист и му врачија отказ на само 3 години пред пензија.
Причината сите добро ја знаеме, смешна и срамна, почитуваниот доктор го сликаше срамниот натпис во болницата Букурешт за одделот дерматовенерологија, а каде неписмено беше напишана таблата демавенетерологија и така беше поставена.
Заради ова, човек, доктор, специјалист доктор со полн работен век на 3 години пред пензија, хунтата на власт го остави без работа. Само и само затоа што му го изваде јавно на површина срамот.
Имено на најперфиден и шверцерски начин додека бил на одмор го префрлиле во болницата Бит Пазар, а таму му дале отказ затоа што наводно не се појавил на работа три дена. Без да му се јави некој, без да го повика, без да разговара со него.
Почитувани граѓани,
Ова е односот на Венко Филипче и Зоран Заев кон квалитетниот кадар. Додека пак секаде онаму каде што имаше сомнителни случаеви на починати родилки и такви трагични случаеви кои што јавноста многу добро ги знае и не би сакал сега да ги коментирам, нема до ден денес никаков епилог и никаква одговорност, а човек кој што го извади јавно неписменоста и срамот на министерството за здравство беше експресно избркан во рок од една недела.
Почитувани,
Ова не е изолиран случај, докторот Гроздановски е само жртва на целиот трул и пропаднат систем во државава.
Срамота е ваквиот однос на државата кон своите граѓани кој што го демонстрира Зоран Заев, владата, Венко Филипче и сите надоле следствено.
Венко Филипче барем на момент може да заборави на власта од која што е опијанет и веднаш да му се извини на докторот Гроздановски и ова е апел од мене кон него, и да го врати на работа. Кога веќе срамот го изедоа како влада и како министерство, најмалку што можат е човекот да го вратат на работа и достоинствено да го заврши работниот век и да отиде во пензија.
Граѓаните, а најмалку докторите за кои што сите велиме дека се наши модерни херои изминативе неколку години воопшто не заслужуваат ваков однос.
Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија