Арсовски: Тендерот за стерилизација уште во првиот момент е сомнителен за јавноста
Бледиот настап на Венко Филипче на вчерашното негово гостување на еден национален медиум и повеќе од доволно покажува дека тој и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација, освен да воведе монопол на стерилизацијата во здравството. И нормално парите на граѓаните да завршат во нечиј џеб, идните 15 години.
Тендерот вреден над 13.700.000 евра уште во првиот момент е сомнителен за јавноста и тие нејаснотии мора да бидат расчистени.
Венко Филипче како доктор со искуство треба да е свесен дека околу ваквиот начин на стерилизација се поставуваат неколку односно многу важни прашања на кои Министерството треба да одговори пред воопшто да го започне овој процес, кој секако ќе биде на штета на пациентите, на здравствените работници и нормално на буџетот на државата, односно парите на граѓаните.
Венко Филипче да одговори ако се централизира и регионализира службата, што ќе се случи со вработените кои веќе работат во постоечките служби за стерилизација дали ќе бидат дислоцирани или ќе влезат во составот на некоја регионална служба за стерилизација, и кој им гарантира дека тие воопшто ќе останат да работат на истото работно место?
Што ќе се случи со постојните вработени здравствени работници и помошен персонал?
Дали ќе останат на своите работни места или ќе има отпуштања и преместување на работници од една во друга институција, односно од еден во друг град, каде што ќе биде регионалниот центар?
Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизација на клиниките.
Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните, кое е најважно во овој здравствен систем?
Планирано е целата опрема што ќе се стелизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука нормално постои можност дополнително да има инфицирање и бактерии на инструментите.
Експертите коментираат дека на овој начин неколкукратно односно до 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе падне на товарот на граѓаните, а услугата нормално нема да е ништо повеќе од сега, односно ќе биде само полоша.
Така да уште еднаш апелираме Венко Филипче да се преиспита и да го повлече тендерот и веднаш потоа да си поднесе оставка, и да ги спаси граѓаните од неговите погрешни политики во здравството.
Одговор на новинарско прашање:
Прашање: Дали се согласува вашата партија со ставот на ДУИ, на Артан Груби поточно да има испитување – тест на сите функционери, носители на јавна функција?
Одговор: Апсолутно дека се согласуваме. Практично ние тоа и го побаравме вчера. Се согласуваме, мора да се расчистат сите дилеми околу конзумирањето на такви наркотични средства, како што тоа во јавноста излезе случај со пратеникот Пaвле Богоевски, којшто е носител на јавна функција, и е гласан од граѓаните, односно поддржувачите на СДСМ на тие избори.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

MЗ: Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин

