Арсовски: Што содржи нон-пејперот?

Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ.
Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин.
Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста.
Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори.
Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата?
Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?
Меѓународната политика на Заев и останатите кои ја водеа доживеа тотално фијаско.
Лажните ветувања и пазарџиското однесување, за жал класично несериозно и неопростливо однесување на Заев и СДСМ на меѓународен план, ги доведе Република Македонија и граѓаните до ќорсокак, од каде излезот е или асимилација и негација или недобивање на датум за преговори и блокада.
Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата.
За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат.
Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите.
Ново на Сител
-

Мицкоски и Тошковски на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел
-

Сончево, со мала до умерена облачност
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
