Арсовски: МВР на чело со Чулев го реши „Јавна соба“ за еден ден
Повторното појавување на случајот „Јавна соба“ е само резултат на неспособноста на СДСМ и на Оливер Спасовски.
Во моментов Министерството за внатрешни работи со кое што управува Оливер Спасовски во жаргонски речник може да се нарече распашана банда. Впрочем ова го говорат граѓаните и секојдневно упатуваат поплаки, но за жал истите поплаки нема каде да стигнат и до кого да допрат.
Последниот случај на неколку пријави од девојки кои биле жртви на „Јавна соба“ и кои јавно излегоа да говорат за тоа како биле избркани од МВР со образложение дека не можат да им помогнат, дека секое чудо траело за три дена, ќе ги заборавеле и дека немале надлежност, само говори за односот на Оливер Спасовски и СДСМ кон жртвите кои што не се само жртви на неколку илјади пазачи, туку се и жртви на неспособниот систем. Вистината е следна, а тоа е дека не им се работи, а можат случајот да го решат за само еден ден.
Само за споредба, минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата. И тоа се случи за со еден ден. Денес, кога одат граѓани да пријавуваат злоупотреби поврзани со истиов случај „Јавна соба“ кој што повторно се појави и веќе трае можеби недела дена и повеќе, администрацијата на Оливер Спасовски ги брка.
Граѓаните не се заштитени и не се безбедни со ваков министер и се оставени сами на себе.
Затоа изразуваме поддршка за сите граѓани кои се жртви на овој систем на неспособност и ги убедуваме дека се додека е СДСМ на власт, ќе бидат само предмет на злоупоттреба.
Изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите
-

Во Атина се очекуваат протести на студенти и на ученици
-

Мицкоски: Од денес достапни за граѓаните, почнува набавката на нови амбулантни возила за македонското здравство
-

Анри домаќин на доделувањето на „Златната топка“
-

Сончево со мала локална облачност
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
