Арсовски: Кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени во време на полициски час и што превезувале?
Почитувани,
МВР цел ден молчи за петте патнички возила што поминале ноќеска на граничниот премин Деве Баир, во време на полициски час, кога преминот на граница е забранет за возила.
Според службената белешка што ја објавија медиумите јасно се гледа дека во еден часот по полноќ поминале пет патнички возила и тоа по насока лично на Зоран Заев.
Тука има неколку дилеми и одговори кои треба да ги даде Зоран Заев и Владата.
Со кое право и ингиренции Заев лично се јавува да се пропуштат патнички возила на граница во време на полициски час? Кај кого интервенирал Заев и кој е тој службеник што ги прескокнал работните протоколи и го послушал премиерот кој не смее да издава вакви наредба, како што и не смее вработениот на граница да прима вакви наредби од премиер.
Што превезувале тие пет патнички возила и кои се луѓето за кои Зоран Заев лично ургирал да бидат пропуштени ноќеска? Дали ова е уште еден потенцијален шверц, кој се обидува да го одмолчи и сокрие МВР?
Заташкувањето на ваков случај е само потврда дека власта се обидува да сокрие нешто, а лично за тоа е одговорен Зоран Заев. Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власта.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар