Арсовски: Дали оваа бонбона бизнис на Шекеринска за грејдери е согласно НАТО стандардите

Трет ден како молчат институциите за случајот со преплатените грејдери во Армијата на Република Македонија.
Пред 2 дена имавме и потврда од министерството за одбрана и од Радмила Шекеринска дека навистина се преплатени двата грејдера по многу повисока цена и повторно покрај таа потврда институциите молчат.
Грејдерите кои во Србија се продаваат за 108.000 евра по парче тука во Македонија се купуваат за над 230.000 евра по парче.
Дали ова не е очигледен криминал?
Каде и во чии џебови завршија над 250.000 евра разлика од двата грејдери, пари на граѓаните кои Радмила Шекеринска преку министерството за одбрана ги преплатила истите машини?
Дали овој бонбона бизнис на Радмила Шекеринска мислела дека нема да се дознае во јавноста и по медиумите?
Дали овој бонбона бизнис е согласно НАТО стандардите кои што ги пропагира СДСМ?
Почитувани,
Владата на СДСМ мора да одговара за целокупниот сторен криминал.
Додека војската во Армијата на Република Македонија нема основни услови за работа и функционирање, Шекеринска над 250.000 евра ги плаќа повеќе грејдерите и никој не знае каде завршуваат истите пари.
Почитувани,
Одговорност мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април.
Обнова на Македонија мора да има. И не смее повеќе да се случуваат вакви тендери каде што се преплаќаат за 150% повеќе сумите од она што чинат истите грејдери.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
