Арсовски: Дали е точно дека камионите на „Јавор шпед“ – бизнис партнер на Заеви возат за Дрисла?
Зоран Заев и СДСМ се фатија во сопствената лага во врска со скандалот со медицински отпад во Дрисла.
Вистината за скандалот во Дрисла полека излегува на површина дека всушност главната вина за целиот скандал лежи во СДСМ.
Член на надзорен одбор и со огромна моќ на одлучување во Дрисла изминатите 2 години додека отпадот завршувал во Дрисла е членот на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев, тоа е Драги Давчевски.
Каква одговорност ќе сноси Драги Давчевски и дали е повикан на распит во обвинителството бидејќи како што знаеме отворен е случај за овој скандал?
Заменик директор во Дрисла до пред 6 месеци беше близок пријател и соработник на Зоран Заев од Струмица.
Каква одговорност ќе сноси овој човек и дали и тој е повикан на распит во обвинителството?
Прашуваме, дали е вистина дека во Дрисла возат камионите на бизнис партнерот на фамилијата Заеви и близок соработник на Заев и брат му Вице Заев, сопственикот на фирмата Јавор Шпед, Горан Крстев?
Фирмата ЕКО КЛУБ е јасно во каква бизнис релација е со СДСМ и со Зоран Заев. Над 130 милиони денари од над 60 тендери во само една година добила оваа фирма од страна на државата и институциите.
СДСМ и Заев се фатија во сопствената лага.
Се виде кому не му е важно здравјето на граѓаните и кој нема никаков проблем ниту пак грам совест да ги труе скопјани, а воедно лицемерно да лаже на прес конференции дека тоа всшност го правело ВМРО-ДПМНЕ.
Како се ближат изборите се повеќе трокира пи ар машинеријата на СДСМ и Заев и се повеќе се фаќаат во сопствените лаги.
Предмет: Интегрален текст од прес конференција за медиуми
Говорник: Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 10.02.2020
Очекуваме брза разрешница за целиот овој случај од Јавното обвинителство и очекуваме одговорност од сите инволвирани и тоа веднаш да не се одолговлекува овој случај.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Од март Во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
-
ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
-
Адвокатот на починатата родилка од Куманово: Како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине?
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор