Арсовски: Барам да бидам отстранет од предлог-листата за член на УО
Стравот и паниката на СДСМ од моето име дека ќе влезе во УО на ЈП Водовод, особено од оние кои што се најгласни по ова прашање, што јаделе и пиеле преку сметките на Град Скопје, за што дополнително ќе разговараме во иднина, е издржан и реален.
Да, предложен сум за член во УО на ЈП Водовод и сметам и сум сигурен дека имам доволно знаење, дигнитет, кредибилитет, чесност во мене и волја да учествувам во домаќинско менаџирање на оваа институција, но и да се заложам да се работи транспарентно и јавноста да знае што се работи, но и што се работело претходно, обелоденувајќи го целиот криминал.
НО, гледајќи ја целата оваа паника, страв и оцрнување на моето име на социјалните мрежи од партиските апаратчици и оние поддржувачи, а дел и креатори на криминал и корупција во институциите, сакам јавно да известам дека барам да бидам отстранет од предлог-листата за член на УО, од едноставна причина, што нема да дозволам стравот и паниката на СДСМ да се насочи кон навреди и оцрнување на моето име и семејство, но и ВМРО-ДПМНЕ, чии кадри работат чесно и искрено откако се на функциите.
Едно ќе порачам, останувам уште повеќе фокусиран на разоткривање на криминалот и корупцијата на актуелната власт и нивните претходни кадри, иако нема да бидам дел од институционалното управување.
Како што до сега јавноста дознаваше за криминалии и корупција на власта, АД Славија, Коста Петров од ФИТР кој си поднесе оставка, Петре Шилегов, поранешните градоначалници, директорите на јавните претпријатија од Град Скопје и останатите, во иднина очекувајте многу повеќе и поинтензивно.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Фејсбук статус на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба