Македонија
21. July 2019 - 14:39

Арсовски: Аферата со рекетирање сама по себе е политичка криза

Рекетарите од власта сеуште молчат и се обидуваат да ги заташкаат народски кажано најважните факти кои што треба да дадат одговор. Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари.
 
Впрочем и самата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од саматаКатица Јанева.За тоа како што рековмеима и сведок кој може да посведочи доколку биде повика претседателот во обвинителството. Боки 13 заедно со врвот на власта, со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев кои ја уживаат доверба на Зоран Заев и безрезервна поддршка во се како што има и самиот Заев кажувано за своите соработници во интервјуата, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони.
 
Засега, СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале?
 
Каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син? Што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот. Доколку не е фрлен низ прозор и е изгубен или оставен во Белград како што тврди нејзиниот син и што се имало во него, под претпоставка дека може да е најден од органи на друга држава и зошто Катица Јанева не го пријавила истото во моментот кога го изгубила телефонот? Зошто Катица Јанева и син и кои се дел од рекетирањето сеуште не се во притвор за да не може да влијаат врз сведоци во постапката? Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени бомби се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други луѓе да ги рекетираатистите луѓе кои што биле предмет на уцена?
 
Ниедна глума на Заев не може да го испере од криминалот во кој е вмешандо гуша. Заев е главата на овој рекетарски октопод и антипод на борец против криминалот и корупцијата. Зоран Заев и СДСМ кои што се мозоците на оваа афера за рекетирање за што предупредувавме одамна дека СЈО служи и е направено, веднаш треба да си поднесат оставки и да распишат предвремени парламентарни избори, за да може граѓаните да ги тргнат од власт.
 
 
 
Прашање: Дали веќе го прочитавте законот за Јавно обвинителство и дали имате некаква анализа? Дали ќе го подржите во Собрание, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе имаат амандмани за овој закон и во која насока ќе бидат?
 
Одговор: се уште стоиме од вчера, односно од пред 24 часа. Се уште е предмет на анализа законот, бидејќи не се работи за обична измена на обичен закон, туку се работи за закон кој што треба да ја донеси правдата во Република Македонија. Ова е закон предложен од Зоран Заев а знаеме дека Зоран Заев моментално е најкриминалното суштество кое што се обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриенинамери кои што веќе добро ни се познати на сите, односно да се заштити самиот. Така да во текот на наредните денови ќе излеземе со конечен став во однос на законот.
 
Прашање:Дали и вие подготвувате предлог-закон на Обвинителството и дали беше завршен овој предлог-закон и дали ќе го доставите истиот во Собранието?
 
Одговор: И тој предлог закон е во финална фаза, односно се финишира. Од поодамна е започнат да се прави од страна на нашите правни тела во партијата, меѓутоа во моментот кога ќе завршиме со анализана законот кој што е предложен од страна на Зоран Заев тогаш ќе излеземе веднаш со нашиот предлог закон односно со целиот концепт како ние е направен и сложен.
 
Прашање: Дали во тој предлог закон се планира некое име кое што би било наследни на Катица Јанева со оглед на тоа што не се согласувате со предлогот кој што го предложи Зоран Заев
 
Одговор: Најпрвин во законот треба да се дефинираат сите оние постулати и принципи кои што ги предложивме до СДСМ а тоа се принципи и постулати на кои што почива меѓународното право однос европското право, веќе се етаблирани и концепциски направени и веднаш потоа ќе стане збор и за предлог јавен обвинител, меѓутоа предлог јавен обвинител кој што нема да биде во блиска корелација со Зоран Заев. Предлог обвинител кој што ќе може на вистински начин да ја донесе правдата во Република Македонија а не да гледаме како сега да биде предмет кој што ќе уценува и ќе биде продолжена рака на Зоран Заев и СДСМ.
 
Прашање:Објаснија дека повеќе нема да има преговори на работни групи помеѓу власта и опозицијата според најавите, дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе амандмани на овој закон кој што власт го предложи или ќе оди со својот предлог. Кои се варијантите сега за сега?Одговор: Остануваат сите опции отворени. Но, сепак да почекаме да завршиме со анализата на предлог законот од страна на власта. Веднаш потоа ќе излеземе ќе известиме дали ќе го поднесеме законот, дали ќе бараме интервенции во законот. Меѓутоа доколку им беа искрени намерите на СДСМ, на Заев, на Рената Десковска,доколку не сакаат самите да амнестираат некого од криминал кој што е близок до нив, тие уште на групите што преговараа на тимовите, на нивните средби ќе можеа да реализираат еден предлог закон кој што ќе биде за добро на сите граѓани. Во моментот затоа како што реков треба внимателно да се прегледа, бидејќи сепак е поднесен од луѓе кои што сакаат да заштитат криминал во моментот.
 
Прашање: Алијансата на Албанците предлагаат за наследник на Катица Јанева да биде некој надвор од државата, од Европската унија, дали за вас е прифатливо ова?
 
Одговор: Тоа прашање за име, кој би бил на местото на Катица Јанева, односно кој ќе биде Јавен обвинител кој што ќе гони таков вид на корупција и криминал треба да биде предмет на консензус на партиите веднаш откако ќе се утврди законот, односно како ќе биде концепциски направен законот. Се до тогаш треба да се направи закон кој што ќе биде вистински направен за да ја донесе правдата во Република Македонија, за веднаш потоа да се разговара за име, односно кредибилно име кое што навистина ќе може да ги сведе сите овие криминали во Македонија до самиот финиш и криминалците кои што се огрешиле пред правдата да одговараат, нормално тоа не беше случај со Катица Јанева и со Русковска обвинителството кое што е во блиска корелација соЗоран Заев.
 
Прашање: Тоа на почетокот што го говоревте за 10 милиони евра за Кики и Фрики кога го пријавивте во обвинителството што ви кажаа ?
 
Одговор: Доволно обвинителството има и кадар и потенцијал, меѓутоа нема волја,јавно беше објавено, обвинителството треба самото да се фокусира и да не замижува пред ваков криминал. Тоа се наводи кои што и самото обвинителство ги знае, меѓутоа останува и слепо и глуво и не сака да ја прошири истрагата и да ги пронајде вистинските сторители. Обвинителството треба да излезе јавно и конечно да не молчи и да каже што се поседува од докази и кои се луѓе се вмешани во ова рекетирање, се до тогаш ние јавно ќе повикуваме да ги открие кои лица од врвот на СДСМ и на власта, кои блиски соработници на Зоран Заев се вмешани во оваа најголема афера до сега за рекетирање на бизнисмени и политичари.
 
Прашање: Може ли да ги кажете кои се?
 
Одговор: Тоа е работа на обвинителството и би ве упатил да се обратите или кај Зоран Заев или кај Јавниот обвинител тие најдобро можат да ви кажат бидејќи тие ги знаат, но во моментов или молчат и ги кријат со некои задни намери. Така да обвинителството е тоа кое што треба да соопшти кои се тие луѓе и да ја прошири истрагата или да ја сведе со самиот финиш, што улога имале во целиов овој октопод на рекетирање и со што се стекнале, и кои им биле корелациите со Бојан 13, со Зоран Заев итн.
 
Прашање: Според она што го кажувате изминативе денови вие нема да го подржите овој закон, тоа значи дека друго нешто што го барате се предвремени парламентарни избори ?
 
Одговор: Предвремени парламентарни избори е прашање, односно е тема која што подолго време кружи во јавноста и ние тоа го бараме, тоа треба да се случи уште веднаш. Зоран Заев да ја распушти Владата, да си даде оставка, да распише предвремени парламентарни избори, за да прекине се ова што се случува во моментов. Во однос на законот за јавно обвинителство, кажав вчера ќе кажам и денес. За нас не е прифатливо решение како Вилма Рускоска која е во блиска корелација со Зоран Заев. Во однос на другиот дел од законот тоа е оној закон кој ќе се поднесе во Собранието, тој во моментот е предмет на анализа, но како што реков и вчера, можно е да е прифатливо спојување на СЈО со ЈО, меѓутоа да почекаме до крајот на анализата на нашите партиски тела, односно правната комисија, преговарачите за Законот за јавно обвинителство и веднаш потоа ќе имате сите одговори, во однос прифаќање на закон, амандмани, поднесување на нов закон, не знам, можни алтернативи за јавен обвинител и сите останати работи кои што се важни за да се заврши оваа тема.
Новинар прашање: Нели сметате дека може да речеме да дојде до некоја политичка криза ако не се донесе овој закон кој што практично е услов за октомври за ветениот датум?
Одговор: -Нели Вие сметате дека сето ова владеење на Зоран Заев е еден вид на политичка криза. Нели Вие и јавноста сметате дека ова што во моментов се случува и оваа афера на рекетирање е само по себе политичка криза позади која што стои Зоран Заев и неговото раководство. Да бидеме реални таму се вклучени луѓе кои што требаше на еден начин да го расчистат криминалот кој што говореа дека го има во РепубликаМакедонија. Видовме дека сето она што беше нелегално прибавено како разговори, беше искористено за уценување на политичари, за изнудување на политички одлуки по волја на Зоран Заев. За уценување на обвинители, судии и бизнисмени, така да сметам дека во моментов единствен виновник доколку не добиеме датум за преговори во октомври, тоа ќе биде Зоран Заев затоа што во моментов тој е на чело на Владата и на партијата каде што никнува најголемата афера во Република Македонија. Тоа е аферата за рекетирање. Никој не може да му биде виновен на Зоран Заев доколку не добиеме датум за преговори и нема да може самиот да се амнестира затоа што тој е директно виновен за сето ова што се случува во моментов во Република Македонија. Ние одамна апелиравме дека не се подготвени да го донесат реформскиот процес, но еве се покажа на дело дека не само што не се подготвени туку имале и други изопачени намери, така да вината ќе падне само кај нив.
Новинар прашање: Дали останувате на ставот дека ќе го бојкотирате пописот, доколку да, што треба да се промени за да се смени вашиот став?
Одговор: -Видете нашиот став во однос на пописот е одамна јасно кажан. Во моментов можам да истакна само дека веќе тимови преговарачки од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ работат на законот, меѓутоа како и за се друго ставовите ни се дијаметрални. Имаме неколку работи кои се суштински, имаме повеќе од 20-тина точки кои што во моментов ги разговараат тие преговарачки тимови на состаноците кои што ги водат. Би издвоил еве неколку како поважни, тоа е да еве конкретно кај попишувачите, да не оди само еден попишувач, да одат тимови попишувачи. Сега во моментов е предложено да оди еден попишувач. Да има верификационен лист на попишано население, да не се внесува директно
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕул. Димитрија Чуповски 7/3-21000 Скопје Тел.: +389 (0)2 321 33 71Факс:+389 (0)2 321 33 71www.vmro-dpmne.org.mke-mail: vmrodpmne.komunikacii@gmail.comелектронски туку да има доказ кој ќе остане за понатаму и кој што ќе може да биде предмет на било каква анализа и обработка, доколку е потребно од државните органи. Бараме да биде на почетокот на декадата, односно 2021 година кога практично Еуростати Европската Унија во сите Европски земји ќе се прави пописот. И бараме да не може, ова можеби е најважното прашање кое што ја засега јавноста, да се попишува само резидентно население, а да не може да се попишува некој си, како што е буквално пишано во законот, не кажува ни во каква роднинска врска, ни во каква врска е со оној кој го попишува кој што е во странство, да може само со матичен број да го попише дека е жител на Република Македонија. Практично може 25 години не се појавил во државата.Новинар прашање: Оваа недела доаѓа еврокомесарот Хан дали ВМРО ќе се сретне со него?-Согласно агендата, не сум сигурен дека има точна саатница, да мислам дека ќе се сретне и со ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа очекуваме да стигне конечната агенда од неговиот кабинет.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ