Арсовска: Заедно да работиме и да се грижиме за Скопје да биде поубав модерен град
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска порача дека треба сите заедно да работиме и да се грижиме за Скопје да биде поубав и модерен град.
– Верувам дека треба да гледаме кон иднината. Треба да гледаме не само на тоа секоја година на овој ден да ги спомнуваме жртвите коишто ги имаше предизвикани од овој трагичен настан, овој катастрофален земјотрес, туку треба да гледаме кон тоа како Скопје прерасна од метропола во град на солидарноста, во град на соживотот, во град на којшто голем број на нации пристапија кон помош и со тоа придонесоа тој повторно да се издигне од рушевините, изјави Арсовска по положувањето цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта во Бутел.
Сакам на сите скопјани, како што нагласи, да им посакам да работат на тоа Скопје да биде поубав модерен град, сакам на сите скопјани да им посакам воедно заедно да се грижиме за ова кое што сите оние изминати генерации ни го оставиле и го изградиле, да го направиме да биде што е можно поубаво.
На предлог на градоначалничката Арсовска, Советот на Град Скопје на вчерашната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје „Кензо Танге“.
-Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје, се наведува на веб-страницата на Град Скопје.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење