Арсовска вратена од пред врата на зградата на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда
Денеска на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица - Автокоманда каде е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје, информираат од нејзиниот прес центар.
„Имавме договорена и потврдена средба со претставници на Синдикатот чии регистрирани простории се во рамки на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда. На влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже? Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на противпожарната скала“, истакна Арсовска.
Таа додаде дека била во неможност да поразговара за програмата посебно во делот што се однесува за противпожарните едници во Скопје.
„Имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените. Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата”, додаде Арсовска
Ново на Сител
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
-

Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото
-

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
