Арсовска: Се соочуваме со енормно загадување

Жал ми е што оваа состојба со загадениот воздух во која што градот е во овој момент некој ја користи за политиканство и собирање на ситни политички поени. Има простор да се подобри состојбата, меѓутоа кога критиките доаѓаат од некој што во моментот е власт во Македонија и имаше добри четири години време да ги реши проблемите и тоа имаше големи буџети, сега е некоректно некој да кажува за 50тина дена дека некој бил или не бил во можност да ја среди состојбата која тие имаа можност четири години да ја средат, изјави вечерва во Тема на денот на Сител, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
- Во изминатиот период има засилени инспекциски надзори. Само за изминатиот месец имаме отприлика околу 54 инспекциски надзори поврзани со загадувањето. Во изминатите две години имало само 4 инспекциски надзори, ние сега во еден месец направивме 54. Се движиме во значително квалитетна насока, рече Арсовска.
Арсовска напомена дека власта во изминатите четири години не направила ништо, се ослонила само на добрите временски услови за да нема енормно загадување.
-Ние во овој момент се соочуваме со енормно загадување кое што ќе се обидеме да го санираме со тоа што ќе ги отстраниме сите причинители кои допринеле да се случи ова кое што го имаме во овој момент. Тоа е да делуваме на загадувањето кое доаѓа од домаќинствата, од градењето, од дивите депонии. Во овие 60 дена исчистивме околу 120 диви депонии, рече Арсовска.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
