Македонија
27. October 2021 - 16:43

Арсовска најавува поголема поддршка за уметноста, Шилегов ветува модерен систем за третирање на отпад

Секој месец во годината ќе се оддржува по еден фестивал, Универзалната сала ќе почне да функционира во најбрз можен рок, поголема финансиска поддршка ќе добие  Скопски џез фестивал, а  чаршијата повторно ќе заживее, ветува независната кандидатка поддржана од опозицијата доколку победи на изборите.

Доколку ја добие довербата од граѓаните Шилегов ќе продолжи да го решава проблемот со загадувањето. Тој вели дека депонијата Дрисла повеќе не го труе Скопје и најавува модерен центар за третирање на отпад по светски стандарди со што ќе им се стави крај на дивите депонии.

До гласање во вториот круг, на кандидатите за градоначалници им остануваат уште два дена да ги презентираат своите програми пред граѓаните.