Македонија
22. September 2022 - 19:45

Арсовска најавува нови личности со поголем интегритет, ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да ги спречи двојните функции

Скопските јавни претпријатија чии директори си поднесоа оставки по судирот меѓу градоначалничката Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат нови директори во соодветна постапка и рок, а градот нема да трпи, уверува градоначалничката. Реакцијата стигнува откако вчера директорот во оставка на Градски паркинг, Бојан Христовски реагираше дека Арсовска веќе со денови намерно не му ја прифаќа оставката.

Таа информираше и дека градот соработува со Јавното обвинителство за тендерот за прочистителна станица вреден 136 милиони евра против поранешниот директор на „Водовод и канализација“ од ВМРО-ДПМНЕ Перински.

Во меѓувреме,  ВМРО-ДПМНЕ во Антикорупциска комисија го пријави случајот со новиот директорот на скопски водовод Марјан Митовски поставен од Арсовска откако Перински си поднесе оставка, бидејќи претходно таа го поставила и за член и на Управниот одбор на „Улици и патишта“. Од партијата реагираат дека директорот на Арсовска држи две јавни функции што е спротивно на Законот за спречување на корупција.

„Фактичката состојба е дека Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје го назначила Митовски на две позиции… според став 4 од членот 44 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси јасно е наведено дека избрано или именувано лице не може истовремено да врши функција на одговорно лице или член на орган на управување или надзорен орган во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.

Митовски беше назначен за директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ веднаш откако Перински си поднесе оставка.