Арсовска на средба со градоначалниците на главните градови од Балканот

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска оствари билатерални средби со градоначалниците на Истанбул, Екрем Имамоглу, на Атина, Костас Бакојанис, на Подгорица, Иван Вуковиќ, на Белград, Зоран Радојичиќ и на Сараево, Бенјамина Кариќ, во рамки на самитот во Истанбул, каде што вчера се основа Б40 мрежата на балкански градови.
На средбите се разговараше за проекти кои се приоритетни за Град Скопје, како и за позитивни искуства кои може да се приспособат и имплементираат во нашиот главен град.
Градоначалничката воедно денеска ја потпиша Декларација за соработка на градови од Балканот, со заедничка визија за реализација на проекти, како би се воспоставила плодна соработка во области од заеднички интерес и изнаоѓање решенија на локално и регионално ниво.
Со Декларацијата сите градоначалници се обврзуваат на транспарентно и инклузивно локално управување, засновано на податоци и споделени знаења. Исто така, договорено е веднаш да се направат работни тела меѓу градовите, да се започне со планирање на проекти и работни активности што ќе придонесат за зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.
Формирањето на мрежата и потпишувањето на Декларацијата ќе им помогне на градовите да ги проценат тешкотиите и проблемите со кои се среќаваат и преку споделување решенија и добри практики, да се олесни носењето одлуки.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
-

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години
-

Променливо облачно со повремен дожд
