Арсовска им додели парични награди на кошаркарите од СУСГ „Никола Карев“ за освојувањето на Европското првенство

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска им го честита големиот успех и им врачи парични награди на кошаркарите од СУГС „Никола Карев“, кои го освоија на Европското првенство во кошарка за средни училишта.
Доделувајќи ги наградите таа ја истакна поддршката на Град Скопје за средноучилишниот спорт преку програми, проекти, стипендии, манифестации и активности, со кои активно се поттикнува развојот на спортот кај младите, кои со своите успеси дополнително го афирмираат градот.
– Европско првенство во кошарка за средни училишта, се одржа од 11 до 16 јуни 2023 година и на истото учество зедоа над 200 средношколци. Тимот на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ во финалето го совлада тимот од Чешка, освојувајќи златен медал и титула Европски шампион во кошарка за средни училишта за 2023 година, информираат од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
