Арсовска го повикува ЕСМ да го санира мостот Беласица
Историска стана битката за мостот Беласица за тоа кој е надлежен да изврши санација. Град Скопје и ЕСМ си ја префлаат топката за тоа кој ќе биде одговорен доколку скопјани останат без парно оваа зима.
По 4 и пол месеци од пожарот кој ја заглави главната артерија на скопскиот сообраќај, денеска Арсовска тврди дека нема надлежност за мостот. Тоа било обврска на ЕСМ која треба да ја завршат пред да ги постават новите цевки.
„Нормално, оној што го предизвикал оштетувањето неопходно е да го санира истото ако сака на истото место да ги постави цевководите. Во нивниот случај тие ја презедоа одговорноста и презедоа обврска и ние очекуваме од нив да си ја исполнат обврската што ја презеле. Од нашата страна сè што е непходно им е овозможено. Денеска како што дошле да ги монтираат цевките, така можат и да ја санираат подлогата каде што треба да се постават цевките“, изјави градоначалничката.
Екипите на ЕСМ утрово биле избркани од инспектори на Град Скопје бидејќи немале соодветна дозвола, тврди Арсовска. Таа не одговори прецизно зошто до сега не им дала одобрение да работат. Најави постапки против сите лица кои ширеле лаги и сееле страв за безбедноста на мостот.
ЕСМ неколку пати до сега информираа дека се подготвени да ги постават новите цевки, но веќе еден месец чекаат одобрение од Град Скопје.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар