Арсовска: Автобуси на ЈСП пред институциите се додека не си ги исполнат обврските
– Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најавува дека автобусите на ЈСП ќе сообраќаат, како што вели, до оној момент додека можат, а дел од возилата утре ќе бидат пред Владата и останатите институции, се додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие.
Арсовска не гледа одговорност кај Град Скопје, и порачува да се подмират долговите кон ЈСП.
На прашање дали утре ќе има градски превоз доколку Владата до 12 часот не го исплати долгот од два милиони евра кон ЈСП, Арсовска рече дека автобусите ќе возат се до оној момент додека можат.
-Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. И ние она кое што е наша услуга, ќе се обидеме доследно до посоледниот момент да го испорачаме до граѓаните. Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски, затоа што не може некој да ни прави хајка и да се обидува од нас да бара одговорност, за нешто кое некој друг го проблематизира и саботира. Тоа нема да дозволиме да се случи, рече Арсовска.
Долгот од 2 милиони евра (120 милиони денари), посочи, е сериозен долг. На прашање кога е последниот рок до кога ќе биде исплатена платата на вработените во ЈСП, градоначалничката рече дека тоа ќе се случи во оној момент кога институциите ќе си ги подомират долговите.
Претходно, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров информираше дека Владата, односно Министерството за образование и наука има долг кон ЈСП „Скопје“ од 120 милиони денари или околу два милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително, како што рече, неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари.
Тој информира дека долговите кон ЈСП „Скопје“ се во милиони евра, го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието, создаваат проблеми во тековната работа, како исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.
Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП , вчера, по добиеното ветување за исплата на заостаната плата, одлучи вработените да не ја прекинуваат работата, но најавија дека ќе штрајкуваат ако не се реализира ветеното
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе