Фудбал
19. October 2017 - 22:07

Арсенал со судни маки ја победи Црвена звезда

 
 Екипата на Арсенал оствари тешка победа на гостувањето во Белград кај Црвена звезда во натпревар од 3.коло на Лига Европа.
 
Иако важеа за големи фаворити фудбалерите на Арсенал се изнамачија да го скршат отпорот на црвено-белите. Тоа на „топџиите„ им успеа во 85.минута кога Оливие Жиру го постигна единствениот гол на мечот. 
 
 
Во Ница, иако истоимената француска екипа со голот на Марио Балотели во 4.минута поведа против Лацио, сепак тимот од Рим во продолжение постигна три гола за комплетен резултатски пресврт и победа. 
Головите за Лазио ги постигнаа Фелипе Каиседо (5) и два на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (65 и 89.минута).