Фудбал
2. December 2015 - 17:14

Арсенал подготвува 50 милиони евра за Икарди

 
Раководството на англискиот премиер лигаш Арсенал ќе го „одврзе ќесето’’ и ќе одвои 50 милиони евра за Аргентинецот, Мауро Икарди.
 
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Арсенал сериозно размислува за квалитетно засилување во зимскиот преоден рок, а прв на листата на жалбите е токму Икарди.
 
Впрочем, за фудбалерот на Интер, лондонската екипа беше заинтересиран уште ред почетокот на оваа сезона, но, Аргентинецот се реши да не ја смени средината и да остане во Милано.
 
Икарди, во Интер дојде во 2013 година од редовите на Сампдорија, а минатата сезона со 22 голови беше најефикасниот фудбалер на „Нероаѕурите’’, за кои во тековната сезона досега постигна 4 гола на 12 натпревари.