-->
-->
Арсенал без Озил против Баерн
-->

Играчот на лондонски Арсенал Месут Озил нема да биде подготвен за настап на утрешниот реванш дуел од осминафиналето од Лигата на шампионите. Арсенал на „Емирати“ го пречекува Баерн, а шампионот на Германија има предност од 5:1 од првиот дуел.
Репрезентативецот на Германија, Озил поради болест нема да биде во составот.
- Озил не е физички подготвен. Требаше да биде „фит“ за викендот, но тој почна да тренира вчера, изјави менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер.
На првиот дуел од Лигата на шампионите одигран во Минхен, Озил беше речиси незабележителен, а потоа се најде на критики од навивачите. Озил има уште 1,5 година од договорот со Арсенал, но како што тој најави во клубот ќе остане само остане и Венгер за менаџер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
