Македонија
17. February 2017 - 11:31

Арнаудовска ќе добие одликување Витез од државниот ред за заслуги на Франција

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска е предложена да го добие одликување Витез од државниот ред за заслуги на Република Франција. Ова го соопшти денеска францускиот амбасадорот во Македонија, Кристиан Тимоние на завршната презентација на кандидатот од Државната правосудна академија ЕНМ од Република Франција, Емили Петровски.

Одликувањето, како што појасни Тимоние, го доделува Француската Република како  знак  на признание за целокупната соработка меѓу Македонија и Франција, но особено како признание за напредокот на македонското судство во европски рамки.

Арнаудовска рече дека е почестена за ова признание и оти работата на Академијата за судии и јавни обвинители е резултат на сите едукатори и ментори кои помагаат во активностите на оваа институција.