Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје
Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ.
Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.
-По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана.
Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори