Свет
11. February 2016 - 8:40

Армиите на САД, Јужна Кореја и Јапонија договорија зацврстување на врските како одговор на заканите од Пјонгјанг

Началниците на ГШ на САД, Јужна Кореја и Јапонија се договорија синоќа да ги засилат раазмената на информации и координирањето на напорите во областа на одбраната, во момент на засилена нуклеарна и ракетна закана од Северна Кореја.

Во заедничка декларација трите држави го оквалификуваа новиот тест на Пјонгјанг со балистичка ракета како директно нарушување на резолуции на ОН и „сериозна провокација против меѓународната заедница“.

Тие се договориле и за цврст одговор на акциите на Северна Кореја со „тристрана размена на информации“ и “понатамошно координирање за прашања на взаемна безбедност со цел мир и стабилност во регионот“.