АРМ пофалена за резултатите во исполнување на интероперабилноста за членство во НАТО
- Поддршка и пофални зборови за високата обученост и резултати што АРМ ги прикажува во исполнување на потребната интероперабилност за членство во НАТО, искажаа соговорниците на средбите на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски со високи воени раководители на НАТО и партнерските армии.
Како што АРМ соопшти, Величковски средбите ги остварил изминатите два дена на НАТО конференција на Началници за трансформација, што се одржува во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк-САД.
Конференцијата, што се одржува под мотото: „Подготви се за утрешнината, сподели ја иднината“ е отворена од заменик генералниот секретар на НАТО, Росе Готемоелер и врховниот командант на НАТО за трансформација, генерал Денис Мерсиер, има за цел преку продлабочување и унапредување на меѓусебните врски и споделување на иновативни решенија на учесниците, да се подобри и ефикасноста на трансформациските процеси на НАТО и партнерските армии.
На дводневната конференција, на пет форумски сесии, се обработувале теми за „Развој на идните способности“, „Лидерство, професионален развој и насочување на таленти“, „Подобрување на процесот на донесување на одлуки“, „Трендови во логистиката“ и „Подобрено и агилно следење и извидување на Заедничките разузнавачки служби во идните операции“.
Од АРМ посочуваат дека значењето на оваа конференција го потврдува и големиот број на учесници на високи раководни функции од сите 29 земји членки на НАТО алијансата, партнерските нации, командата на НАТО за трансформација, како и претставници од воената индустрија
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје