-->
-->
АРМ ги ангажира сите капацитети во справувавање со последиците од невремето
-->

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија Ѓорге Иванов издаде наредба за ставање на сите потребни капацитети на Армијата на РМ во справување со последиците од невремето кое вчера го зафати Скопје и околината.
Како што соопштија Министерството за одбрана и АРМ, началникот на Генералштабот на АРМ веднаш нареди ангажирање на дел од специјалните единици на Армијата и потребни средства за давање помош на загрозеното население и справување со последиците предизвикани од невремето.
Тимови за пребарување и извлекување опремени со специјална опрема и товарни возила во текот на ноќта и се уште се ангажираат во околината на Стајковци, село Сингелиќ, населба Ченто и обиколницата на град Скопје, каде заедно со екипите на МВР и останати субјекти го пребаруваат теренот, се ангажираат на извлекување на загрозено население, добиток и заглавени моторни возила.
Во текот на раните утрински часови транспортен хеликоптер на АРМ заедно со претставници на МВР го надлетуваа погодениот реон од невремето заради комплетно извидување на теренот и увидување на потребите за понатамошно ангажирање.
Армијата на Република Македонија ги стави на располагање сите потребни сили и материјални средства за ангажирање во справување со последиците на невремето, при што во моментот е ангажиран дополнителен персонал, потребен број на моторни возила и материјални средства за пребарување на теренот, извлекување и помагање на месното население, како и достава на вода за пиење и останат неопходен материјал од собирните пунктови во Град Скопје до погодените населени места каде тоа е најпотребно.
За таа цел претставник на АРМ се наоѓа во кризниот штаб на Град Скопје заради непосредна координација за пројавените потреби и понатамошно ангажирање на потребен број персонал и материјални средства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар