Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја
Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин на турнејата по бомбашкиот напад во Манчестер, по крајот на нејзиниот синоќешен концерт, јави интернет страницата ТМЗ.
Како што пренесува ТАСС, Гранде е се уште е во шок, по загинувањето на најмалку 22 лица, од кои повеќето тинејџери.
Следните концерти од турнејата под наслов „Опасна жена“ (Dangerous Woman), беа предвидени за 25 и 26 мај, во Лондон. По настапите во Велика Британија, американската поп пејачка требаше да оди во Белгија, Полска, Германија, Швајцарија, Франција...
Бомбата во Манчестер елсплодираше веднаш откако Аријана ја напушти сцената по крајот на концертот, близу влезот на арената.
Самата пејачка не е повредена, но е во состојба на шок.
- Јас сум уништена! Од сето срце ви велам, многу ми е тешко. Просто, немам зборови!, напиша таа на својот Твитер налог.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер