Архивот објави документи од Тодор Александров до СССР во 1923

Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ) објави брошура со документи за кои информира дека е прво објавување на целината документи од Тодор Александров до СССР, кои претставуваат платформа за идните преговори меѓу ВМРО и СССР.
Документите се настанати веднаш по промената на картата на Европа како резултат на Париската мировна конференција и формирањето на Советскиот Сојуз во 1922 година.
- Во тој период СССР се подготвува за воспоставување нов светски поредок односно „светска револуција“ гледајќи ги почетоците во идни востанија најпрво кај неразвиените народи. Оттаму потекнало поврзувањето со македонските револуционери „автономисти“ и „федералисти“. СССР ги преферира „автономистите“ на Тодор Александров, кој во 1923 година ги праќа во Москва своите делегати Димитар Влахов и Борис Мицов. Самиот лично преговара со познатиот советски разузнавач Борис Шпак (Андреев). Главна цел на Тодор Александов во тоа време била СССР да ја признае ВМРО како „единствен изразувач на суверената волја на Македонија“, со идеја за признавање на идната нова држава - независна Македонија, информира ДАРМ.
Архивот соопшти дека брошурата опфаќа пет документи: Изваштај на Андреев (Борис Шпак) за преговорите со членот на ЦК на ВМРО Тодор Александров, декември 1923 г.; Проект за спогодба меѓу ВМРО и Руската Советска Република од ЦК на ВМРО, 30 декември 1923 г.; Декларација на ЦК на ВМРО за таканаречените „федералисти“, 30 декември 1923 г.; Прилог бр. I кон Декларацијата: Изложување на покрупните извесни грабежи и разбојништва извршени во Македонија (1918-1922), Прилог бр. II кон Декларацијата: Список на опасните разбојници и нивните инспиратори, јатаци и др. и Полномоштво за Димитар Влахов од Тодор Александров, 30 декември 1923 година.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
